УЕФА ја одржа ждрепката за плеј-оф фазата во квалификациите за Лигата на шампионите. Иако сè уште не се одиграни натпреварите од третото коло, познат е патот до главната фаза на елитното европско натпреварување.
Македонија во оваа фаза на натпреварувањето го има само дуото на Динамо Загреб, Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Хрватскиот шампион во баражот за место меѓу 36. екипи во елитата ќе се боди или со Карабах или со Лудогорец.
- Ждрепка за бараж натпреварите во Лигата на шампионите:
Јанг Бојс – Галатасарај
Динамо Загреб – Карабах/Лудогорец
Мидтјиланд/Ференцварош – Слован Братислава/АПОЕЛ
Јагјелонија/Бодо/Глимт – Црвена Звезда
Малмо/ПАОК – Спарта Прага/ФЦСБ
Лил/Фенербахче – Славија Прага/Унион Сен Жилоа
Динамо Киев/Ренџерс – Салцбург/Твенте
Бараж натпреварите се играат на 20 и 21 односно 27 и 28 август, а извлекувањето за главната фаза е на 29 во Монако.