Контроверзниот фудбалер, Марио Балотели и понатаму е без клуб откако не го продолжи договорот со турската Адана Демир Спор.
Балотели е во потрага по нов ангажман, а сега отворено зборуваше дека негова желба е да се врати во италијанскиот фудбал.
Италијанецот откри дека имал понуди од странство, но ги одбил и чека да се појави клуб од неговата татковина.
„Одбив неколку понуди од странство затоа што сакам да се вратам во Серија А и поради тоа се уште сум без клуб. Помина малку повеќе време, но ќе почекам. Ако не пристигне понуда од клуб од Серија А, тогаш ќе прифатам понуда од странски клуб“, изјави Балотели.
Балотели во Италија последен пат беше дел од Монца во сезоната 2020/2021, а од таму се пресели во Адана. Во меѓувреме играше и во Швајцарскиот Сион, па повторно се врати во Турција.