Фудбалерот од одбраната на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро нема да биде во комбинација за настап во реваншот против Реал Мадрид од Лигата на шампионите.
Португалецот се повреди на последниот натпревар против Штутгарт во германското првенство кој Баерн го загуби со 3:1.
По лекарските прегледи било потврдено дека станува збор за повреда на коленото и вкрстенител игаменти.
Натпреварот во Мадрид на програмата е в среда од 21:00 часот. Ќе потсетиме, првиот натпревар во Минхен заврши без победник 2:2, па така ниту една од двете екипи нема некоја предност.
Баерн во Бундеслигата ја загуби титулата од Леверкузен, додека Реал токму викендов ја прослави својата 36. во Шпанија, па така Лигата на шампионите е единствена шанса за трофеј на баварците сезонава.