Ако Струга го изненади Слован би играл со тим од Словенија или Естонија

by 24 фудбал
1 минути читање

Шампионот на ПМФЛ, екипата на Струга Трим Љум немаше среќа при ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите и налета на Слован Братислава.

Доколку успее да направи изненадување во двомечот, македонскиот првак би добил за нијанса подобар противник во следната рунда. Победникот од двомечот на Струга и Слован оди на мегдан со подобриот од пресметките на Флора Талин од Естонија и Целје од Словенија.

Доколку биде елиминирана Струга Трим Љум ќе се префрли во квалификациите за Конференциската лига, а и таму се познати потенцијалните ривали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани