19
Црвена Звезда се соочува со сериозни проблеми пред натпреварот од петтата рунда на Лигата на шампионите.
Тренерот Владан Милојевиќ ќе ја дочека Барселона в среда во 21:00 часот, меѓутоа за тој натпревар ќе биде без практично половина тим. На Звезда за мечот со шпанскиот гигант ѝ недостигаат дури седум фудбалери кои се повредени, а речиси сите се првотимци.
За дуелот против Барселона на српскиот тим му недостигаат: Радоњиќ, Глазер, Олаинка, Иваниќ, Дуарте, Мимовиќ и Дркушиќ.
Дури и комплетна Црвена Звезда тешко ќе можеше да ѝ се спротивстави на Барса, а вака е готово невозможно…