202
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Кoска кој најголем дел од кариерата помина во Англија, Сол Бамба почина на 39-годишна возраст.
Информацијата за трагичната смрт ја потврди Аданаспор каде што Бамба ја извршуваше улогата на помошник тренер во стручниот штаб.
Откако се пожалил на здравствени проблеми, тој бил веднаш префрлен во болница по натпреварот против Маниса, но за жал докторите не успеале да го спасат неговиот живот.
Во текот на кариерата, Бамба беше капитен на Лидс и Кардиф, а од фудбалот се збогуваше како фудбалер на Миделброу.
Од останатите клубови го носеше дресот на: ПСЖ, Данфремлин, Хиберниан, Лестер, Трабзон, Палермо и Миделсброу.