161
Долгогодишниот германски репрезентативец, Томас Милер повеќе нема да го носи националниот дрес.
Милер објави кратко видео во кое им се заблагодари на сите со кои настапуваше во германската репрезентација. Репрезентативната кариера во дресот на Германија ја заврши по 14 години во кои одигра 131 натпревар и постигна 45 гола.
Со оваа бројка тој е трет на вечната листа зад Мирослав Клосе кој има 137 и Лотар Матеус со 150 настапи.
Првиот гол за Германија го постигна против Австралија на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка.