247
Фудбалерот кој со Челси ја освои Лигата на шампионите, Саломон Калу пронајде нов клуб.
Екс-репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска кој има 39 години ќе настапува за тимот на Гањоа од неговата татковина каде што ќе ја има улогата и на директор.
Во европскиот фудбал, Калу покрај Челси настапуваше уште за Феенорд, Лил и Херта, додека во Бразил го носеше дресот на Ботофаго.
Низ кариерата долго време беше и репрезентативец, па за Брегот на Слоновата Коска постигна 27 гола на 97 натпревари.