Сопругата на Тијаго Силва и мајката на нивниот 13-годишен син на социјалните мрежи објави видео кое предизвика бурни реакции.
Екс-фудбалерот на Милан, ПСЖ, Челси и репрезентацијата на Бразил во овие моменти не живее заедно со неговото семејство. Силва ја напушти Европа и се врати во неговата татковина каде што го носи дресот на Флуминенсе, додека сопругата со децата остана во Англија.
Сега сопругата на искусниот фудбалер објави видео на кое се гледа како 13-годишното момче вози Порше Панамера вредно 95 милиони евра.
Со ваквото видео таа предизвика бурни реакции од фанови кои изразуваа револт бидејќи како што тврдат со неговото возење се загрозува безедноста и на останатите учесници во сообраќајот.
Видеото кое го објави британски „Сан“ можете да го погледнете – ТУКА.