Сите натпревари од првото коло во Лигата на шампионите (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Во неделата која следи пред нас ќе стартува новата сезона во Лигата на шампионите која за првпат ќе се игра во нов формат.

За разлика од минатите години сега во фудбалската елита ќе гледаме натпревари вторник, среда и четврток, место само вторник и среда како што беше случај до минатата година.

Сезоната ќе биде отворена со дуелите Јанг Бојс – Астон Вила и Јувентус – ПСВ кои се играат од 18:45 во вторник.

Како најинтересни од ова прво коло може да се издвојат средбите: Милан – Ливерпул, Манчестер Сити – Интер, Монако – Барселона, Аталанта – Арсенал…секако тука е гостувањето на македонскиот напаѓач Бојан Миовски со Жирона во Париз кај ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани