94
Поранешниот капитен на Барселона, Серхи Роберто по 14 години замина од редовите на каталонскиот гигант откако му истече договорот.
Бекот имаше слобода да одбере каде сака да настапува. Тој откри дека имал понуди од Шпанија, Италија, Саудиска Арабија, но и други клубови од Европа. Серхи Роберто откри дека е среќен за новата соработка со Цеск Фабрегас.
„Имав понуди од Шпанија, од Блискиот исток, како и од Премиер лигата и Серија А. Сепак, кога разговарав првпат со Фабрегас, сфатив дека Комо е сериозен клуб“, откри Роберто.
Комо ова лето договори неколку сериозни засилувања, главно од типот на Серхи Роберто, повозрасни играчи без договори.