Реал Мадрид објави видео со трофејот од ЛШ, фановите забележаа еден детал (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид на социјалните мрежи објави видео од Флорентино Перез кој го имаше завршниот чин од прославата на освоената 15-та европска титула.

Во Реал е традиција претседателот на клубот да го донесе трофејот на предвиденото место во клупските простории и да го постави на неговото место и со тоа завршува прославата.

Навивачите на снимката веднаш забележија дека Реал наскоро може да биде на „слатки маки“ бидејќи повеќе нема место за трофеи од најелитното европско натпреварување.

Судејќи по тоа како досега Реал победуваше во Лигата на шампионите многу брзо може да се случи да треба проширување на просторот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани