79
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Барса и Рома, Миралем Пјаниќ се сели во руската лига, ќе стави потпис на договор со ЦСКА Москва.
Пјаниќ е веќе во Русија за да го комплетира трансферот во ЦСКА Москва.
Тој за рускиот клуб ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување за уште една година.
Откако стана слободен играч се поврзуваше со неколку клубови од Европа и Саудиска Арабија, на крајот одлучи да оди во Русија.