71
Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос зборуваше за гласините кои ги поврзуваа со Виктор Осимен во текот на летниот преоден рок.
ПСЖ постојано се поврзуваше со Осимен, но Кампос вели дека тие никогаш не испратиле конкретна понуда.
„Понуда? Не. Ние зборувавме интерно за Осимен. Го анализиравме и ја студиравме евентуалната можност да го ангажираме во ПСЖ. Нашиот заклучок беше дека ние сме среќни со Гонсало Рамош, среќни сме со Рандал Коло Муани и среќни сме со Марко Асенсио“, вели Кампос.
„Нормално е дека не поврзуваат бидејќи јас го донесов него од Шарлерои во Лил. Го знаев него од 16 години. Имаме многу добар однос. Имаме голема почит еден за друг“.