Проблем за Реал Мадрид: Важен фудбалер нема да игра во финалето на ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против екипата на Борусија Дортмунд следниот викенд на „Вембли“.

За овој натпревар „кралевите“ нема да можат да сметаат на еден од најважните играчи на средината од теренот. Станува збор за Орелиен Чуамени кој е повреден и не играше од реванш полуфиналето против Баерн досега. Францускиот репрезентативец нема да се врати навремено за да му помогне на Реал против Борусија, а тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти, кој кажа: „Работи за да се врати на терените за Европското првенство“.

Чуамени е еден од најважните играчи на Реал Мадрид, пред сè бидејќи може да покрие повеќе позиции на теренот. Поради тоа Анчелоти го користеше во различни улоги, а сега нема да го има на располагање за мечот на сезоната.

Финалето на елитното натпреварување во Лондон се игра на 1 јуни во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани