Пример за верност во Србија: Губат и по 11:0, но навивачите ги полнат трибините

by Стефан
8 минути читање

Во 2015 година Рад од Белград беше стабилен српски прволигаш и во таа година култниот српски клуб го освои шестото место и дојде до четвртфиналето нас српскиот клуб, но подоцна полека почна да пропаѓа.

Падот започна во 2021 година кога испаднаа од најсилниот српски ранг. Првата сезона во втората лига ја завршија на 11. место, но веќе во следната беа последни и испаднаа во трета лига каде што играа минатата сезона. Не запре ниту тука падот на Рад, па испаднаа и во зонската лига која е четврта по ранг во Србија.

И тука Рад игра катастрофално. Пред почетокот на сезоната се поставуваше прашањето дали клубот воопшто ќе постои и на крајот сепак ја започнаа. По четири кола тие имаат четири порази со ужасна гол-разлика од 29 примени гола и ниту еден постигнат.

Во првото коло беа поразени од Зуц со 3:0, птооа дома од Комграп со 8:0, а во последните два натпревари губеа со по 11:0 и 7:0.

Најпозитивното во целата приказна се нивните навивачи кои и во таква ситуација се на трибините во голем број и ја даваат својата поддршка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани