222
Аргентинците се згрозени откако се појави снимка како одреден човек му ја брише потта на Чики Тапиа, првиот човек на аргентинскиот фудбал.
За време на полуфиналниот меч на Аргентина против Канада на Копа Америка во САД, претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Чики Тапиа беше уловен како друг човек позади него му ја брише потта.
Видеото брзо стана вирално, а Аргентинците беа згрозени од она што го видоа, па Тапиа мораше да се правда.
„Овие денови имав голема настинка, не се чувствував добро поради високите температури. Не можев дури ни да се движам и не сакав да го пропуштам натпреварот, затоа Лучиано Накис беше таму да ми помогне“, објасни Тапиа.