444
Пред два дена Килијан Мбапе потврди дека заминува од Пари Сен Жермен, а сега пристигна потврда за уште едно заминување од Париз.
Имено, искусниот голман Кејлор потврди дека си заминува од „Паркот на принцовите“ по пет години поминати во клубот. Навас во Париз пристигна од редовите на Реал Мадрид.
„Секоја секунда тука беше прекрасна. Чест ми беше да го бранам грбот на ПСЖ на овој неверојатен стадион. Имам амбиции кои сакам да ги остварам, но не сакам да ја пропуштам можноста да се простам“, објави Навас на социјалните мрежи.
Навас прв голман беше само во првите две години, но потоа дојде Џанлуиџи Донарума и од тогаш настапите значително му се намалија.