Плеј-оф ЛШ: Галатасарај покажа карактер, ама Јанг Бојс со гол предност патува во Турција

by 24 фудбал
1 минути читање

Јанг Бојс и Галатасарај го одиграа најефикасниот натпревар на денот во плеј-офот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Швајцарскиот претставник славеше со 3-2 против турскиот гигант. Јанг Бојс тргна добро и уште на полувремето со головите на Монтеиро водеше со 2-0. На тоа Галатасарај знаеше како да одговори, па со погодоците на резервистот Мичу Батшуаи дојде до израмнување. И покрај тоа, Јанг Бојс успеа да дојде до домашен триумф со гол од пенал на Угриниќ.

Сигурни гостински победи од по 0-2 забележаа Салцбург против Динамо Киев, како и Спарта Прага во Шведска кај Малме.

Без победник, со нерешени 1-1 во реваншот ќе патуваат Мидтјиланд и Слован Братислава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани