263
Италијанскиот прволигаш Милан ја пронајде замената за Стефано Пиоли кој замина од клупата.
Како што веќе беше најавено, нов тренер на „росонерите“ ќе биде Пауло Фонсека. Угледниот новинар посветен на фудбалски трансфери Фабрицио Романо го даде своето популарно „Here we go“. Тренерот кој сезонава го водеше Лил ги потпиша сите потребни документи со Милан.
Се очекува во наредните денови Фонсека да биде промовиран и преку клупските мрежи. Милан му понуди соработка до јуни 2026 на Португалецот. Во доворот ќе има и опција за продолжување, а тоа ќе зависи од резултатите на Милан во следните сезони.