123
Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски одигра 80 минути за Жирона, но неговиот тим загуби од Валенсија за која Столе Димитриевски беше на клупата.
Жирона беше подобра во текот на мечот, постојано се играше пред голот на Мамардашвили, но на крајот домаќините се радуваа на триумф и тоа од 2-0.
Резултатот беше отворен во 56. минута кога Риоха биеше од далечина, топката го удри Хуанпе и заврши во голот на Газанига.
Валенсија го искористи шокот на Жирона и само две минути подоцна со гол на Гомез ја завери победата од 2-0.