180
Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум ќе се судри со Слован Братислава во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Фудбалерите на првакот веќе отпатуваа кон Словачка за утрешниот натпревар. Четата предводена од Ќатип Османи од аеродромот во Охрид летна кон Братислава и ќе има повеќе од 24 часа за последните подготовки.
Слован важи за апсолутен фаворит, меѓутоа Струга нема што да загуби и ќе оди да се надигрува во Братислава. Натпреварот меѓу Слован Братислава и Струга Трим Љум се игра во среда од 19:00.