99
Избраниците на Чаби Алонсо ја стартуваа сезоната во која ќе ја бранат титулата во Бундеслигата во свој стил – со победа со гол во завршницата!
Со прекрасен гол во 12 минута Гранит Џака го доведе Леверкузен во водство, а во 38. минута веќе беше 0:2 откако Вирц ја погоди мрежата на Борусија Менхегладбах. Водеше Леверкузен на паузата со два гола предност, но домаќините не се откажаа.
На истекот на еден час игра Елведи успеа да намали на 1:2. Кога домаќините стигнаа до 2:2 изгелдаше дека Баер ќе ја започне сезоната без победа, но момците на Чаби Алонсо не мислеа така. Вирц длабоко во судиското продолжение погоди за три бода.