712
Вчера се одигра половина од шестото коло во Лигата на шампионите по што е познати првиот тим кој ќе испадне од натпреварувањето и првиот кој си обезбеди место во осминафиналето.
По шест одиграни кола во Лигата на шампионите, Лајпциг има исто толку порази, тимот на Елиф Елмас со тоа ги загуби шансите за место меѓу најдобрите 24 репрезентации кои ќе одат понатаму.
Иста судбина денеска можат да доживеат и Слован Братислава и Јанг Бојс кои исто така немаат бодови, но имаат и натпревар помалку.
Ливерпул е тимот кој обезбеди место во осминафиналето. Тие имаат максимален број на бодови по првите шест кола, па и да ги загубат последните две средби, невозможно е да испаднат од топ осум екипите.