420
По крајот на финалето во кое Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд и крена нов трофеј во Лигата на шампионите се случи интересна сцена.
Некаде кон крајот на програмата и кога трибините беа речиси целосно испразнети, Џуд Белингем реши да ѝ исполни желба на својата мајка. Тој претрча преку теренот и го повика Жозе Мурињо. Откако срдечно се поздравија, тој го праша славниот стратег дали може да го запознае и фотографира со неговата мајка.
Според информациите мајката на Белингем е поддржувач на работата на Мурињо и сега имаше шанса да го запознае својот идол.