265
Иван Тричковски го промени клубот и по осум сезони во АЕК Ларнака ќе заигра за друг кипарски претставник.
Искусниот напаѓач потпиша едногодишен договор со АЕЛ Лимасол. 37-годишникот има изградено име за себе на Кипар, а тоа му донесе нов договор во нова средина.
За екипата на АЕК Ларнака Тричковски запиша вкупно 278 настапи во сите конкуренции. Ветеранот постигна 138 гола и беше миленик на навивачите, но по крајот на минатата сезона реши дека е време да замине.
И следната сезона Иван Тричковски ќе настапува во Шампионатот на Кипар, ама овојпат за екипата на АЕЛ Лимасол.