Мрежите мируваа во првото полувреме на Вембли, но Борусија Дортмунд создаде многу повеќе од Реал Мадрид во првите 45 минути.
Дортмунд уште од самиот старт тргна офанзивно кон голот на Куртоа и почнаа да се редат шанси. Најголемата ја имаше Адејеми кој излезе очи во очи со Куртоа, но отиде во страна, па беше блокиран.
Адејеми имаше уште една шанса, но беше блокиран, потоа Филкруг ја погоди стативата, но можеби ќе беше во офсајд ако дадеше гол иако судијата не свирна.
Адејеми се обиде и по третпат, но Куртоа го одбрани неговиот шут, Реал Мадрид уште еднаш се спаси.
Во финишот од првото полувреме Сабицер влезе во добра шанса, шутираше во долениот лев агол, но Куртоа го одбрани и неговиот удар.
Реал Мадрид не успеа да создаде ниту една сериозна шанса во првото полувреме.