Денеска во ЛШ: Европски класик на „Сан Сиро“, домашни мечеви за Реал и Баерн

by 24 фудбал
1 минути читање

Лигата на фудбалските шампиони ќе започне денеска со шест натпревари според новиот концепт и формат. Главната фаза ќе се состои од осум кола, а првото ќе биде распределено во три натпреварувачки дена по шест меча.

Завесата во елитата ќе ја кренат два натпревари од 18:45 часот. Во нив екипата на Јувентус ќе го дочека ПСВ, додека Астон Вила гостува кај Јанг Бојс.

Во вечерниот термин ќе има вистински европски класик на „Сан Сиро“, каде што Милан ќе го дочека Ливерпул. Европскиот првак Реал Мадрид ќе биде домаќин на Штутгарт, а Динамо Загреб гостува кај Баерн во Минхен.

  • Мечеви на првиот натпреварувачки ден во ЛШ:

Јувентус – ПСВ (18:45)
Јанг Бојс – Астон Вила (18:45)
Милан – Ливерпул (21:00)
Баерн – Динамо (21:00)
Реал Мадрид – Штутгарт (21:00)
Спортинг – Лил (21:00)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани