Сигурно е дека Милан во новата сезона ќе има нов тренер, бидејќи Стефано Пиоли ги потроши сите кредити и си заминува по двата последни меча во Серија А.
Многу имиња се споменуваа како потенцијални наследници на Пиоли, но делува дека управата на „росонерите“ работи во тајност и не открива информации. Последен во низата тренери е Марсело Гаљардо. 48-годишниот Аргентинец ќе замине од клупата на Ал-Итихад каде што работеше досега и сака да се „проба“ во Европа. За стручњакот постоеше интерес и од други клубови, меѓутоа делува дека Милан е во моментов најзагреан.
Ова не е првпат Гаљардо да се поврзува како потенцијален тренер на Милан. Пред неколку седмици аргентинскиот стратег беше само споменат во низата имиња, меѓутоа сега делува дека неговото име котира високи на листата.
Во својата кариера Гаљардо работеше во Насионал, а најдолго се задржа во Ривеер Плата од 2014 до 2022 година. Во ноември лани тој го презеде кормилото на Ал-Итихад.