139
Брајтон ја активира откупната клаузула на напаѓачот на Лидс, Жоржињо Рутер која изнесува 40 милиони фунти.
Брајтон претходно испрати две понуди, една од 29 милиони фунти, и друга од 35 милиони фунти. Лидс ги одби двете, но премиерлигашот мораше да ја активира откупната клаузула за да го добие 22-годишниот напаѓач.
Сега Рутер треба да даде согласност за трансфер за да се реализира. Се верува дека тоа ќе се случи со оглед на фактот што Брајтон е во Премиерлигата, а Лидс во Чемпионшип.