Бојан Миовски првпат стартер за Жирона во Ла Лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски неодамна го комплетира трансферот во шпанското првенство, каде што ќе настапува за екипата на Жирона.

Штипјанецот го имаше своето деби во новиот клуб, заигра против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ како резерва.

А, сега Миовски првпат е стартер за Жирона во Ла Лига. Македонецот се најде во почетниот состав за домашната пресметка против Осасуна во рамките на вонредното трето коло од шпанскиот шампионат.

Бојан Миовски со деветнаесетката на грбот ќе тргне во нападот заедно со Абел Руиз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани