На последните два натпревари за Португалија на Европското првенство за Палиња беше во стартниот тим и одигра 120 минити во осминафиналето против Словенија и сите 90 минути во четвртфиналето со Франција.
Еден месец подоцна направи трансфер во Баерн Минхен кој за неговите услуги плати 51 милион евра на Фулам. Сепак во Минхен скоро и да не игра на почетокот на сезоната.
Одличниот Португалец е тема на германските медиуми кои пишуваат во каква позиција се наоѓа кај Компани откако неговиот претходник Томас Тухел го доведе во тимот.
Палиња одигра само 13 минути во куп натпреварот против второлигапот Улм и само 16 во досегашниот дел од првенството. Компани не му даде прилика против Волфсбург, а како резерва влезе против Фрајбург.