Џуд Белингем одбра двајца најдобри соиграчи: Тие се на друго ниво…

by 24 фудбал
1 минути читање

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем, оваа сезона блесна и покажа зошто е платен повеќе од сто милиони евра. 20-годишникот може да стане најплатен играч во историјата на клубот, ако се исполнат бонусите поврзани со перформанси.

Својата кариера Белингем ја мина во неколку средини, почна во Бирмингем, а потоа преку Борусија Дортмунд дојде до „кралски“ трансфер. Во разговор за медиумите Англичанецот кој е и стандарден репрезентативец зборуваше за најдобрите соиграчи со кои заиграл.

„Сум играл со многу добри фудбалери во Дортмунд и англиската репрезентација. Сепак, Тони Крос или Лука Мордиќ веројатно се најдобрите со кои сум го делел теренот. Некој од нив двајца, не можам да одлучам. Тие играат друга игра, цело време се десет чекори пред останатите. Би ги издвоил и Крос и Модриќ“, изјави Белингем.

Во моментов Реал Мадрид се подготвува за реванш полуфиналето во Лигата на шампионите против екипата на Баерн Минхен, а првиот меч заврши нерешено (2-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани