Џака: Не смееме да се залажуваме, Англија и натаму е прв фаворит на првенството

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Швајцарија ќе се судрат со Англија во четвртфиналето на Европското првенство. Иако имаат блага аутсајдерска улога, сепак Швајцарците покажаа доста на овој турнир и имаат свои математики.

Гранит Џака кој мина долги години во Премиер лигата играјќи за Арсенал одлични го познава Англичаните и повика на претпазливост.

Имаме одлична авантура на ова првенство. Не сакаме да заврши, желбата е да одиграме уште еднаш максимално посветено и да се обидеме да ја изненадиме Англија. Да не се лажеме, тие се први фаворити за трофејот, а за нас никој веројатно не размислуваше дека можеме да се најдеме во оваа фаза. Не би сакал да речам дека немаме што да загубиме, бидејќи влогот е голем. Ова е историска шанса за двете репрезентации, а ние ќе го дадеме нашиот максимум за добро издание. Против Англија никогаш не може да биде лесно“, призна Џака.

Пресметката на Швајцарците и Англичаните е закажана за во Дизелдорф, а судија ќе биде Даниеле Орсато. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани