Гранит Џака ја коментираше преселбата од Арсенал во Баер Леверкузен, смета дека ова не бил чекор назад во кариерата, туку било два чекори напред.
Гранит Џака минатото лето го напушти Арсенал и направи трансфер во Баер Леверкузен и беше еден од главните играчи на „фармацевтите“ во сезоната од соништата, во која без загубен натпревар стигнаа до двојната круна и прва титула во Бундеслигата во 120 години историја.
Па Швајцарецот го искористи ова за брутално да ги понижи „топчиите“.
Во разговор со Билд, запрашан како гледа на преселба од Арсенал во Баер, Гранит Џака вели: „Според мене, ова не беше чекор назад, туку два чекори напред“.
„Токму ова чувство го добив уште при разговорите со тренерот и директорот Симон Ролфес, дека нешто специјално ќе се случи во следните години“.