Ќе играат во ЛШ, а во домашното првенство се последни без победа по шест кола!

by riste
1 минути читање

На патот до главната фаза од Лигата на шампионите го исфрлија турскиот првак Галатасарај откако го победија двапати, дома со 3-2 и во Истанбул со 1-0, се работи за швајцарскиот тим Јанг Бојс кој обезбеди место меѓу елитата на европскиот фудбал, но дома има очаен старт на сезоната.

Јанг Бојс е дел од Лигата на шампионите и ќе игра против Барселона, Интер, Аталанта, Астон Вила, Шахтар, Штутгарт, Селтик и Црвена звезда.

Но, интересно, овој тим има очаен старт на сезоната во швајцарската лига. Таму поминаа веќе шест кола а Јанг Бојс нема ниту една победа. Тие се на последното место на табелата со три нерешени и три порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани