Лидерот Ливерпул мораше да се задоволи со реми во една од дерби пресметките на вонредното 14. коло, против Њукасл со 3-3 (1-0) на „Сент Џејмс Парк“. Поведе домашната екипа преку Александар Исак уште во првиот дел, а потоа на сцена стапија гостите. Куртис Џонс израмни во 50. минута, па Арон Гордон донесе ново водство за Њукасл. Сепак, тогаш се истакна Мохамед Салах кој одново режира пресврт за Ливерпул. Сепак, Фабијан Шер во последната минута од регуларното време донесе бод за Њукасл (3-3).
Конечно крај на кризата и серијата порази стави Манчестер Сити, совладувајќи го Нотингем Форест со 3-0 (2-0) пред своја публика на „Етихад“. Поведе шампионот во првиот дел преку Бернардо Силва и Кевин Де Брујне, а точка на победата стави Џереми Доку во вториот дел.
Убедлива победа забележа Челси на гостувањето кај Саутемптон (1-5). Дисаси донесе водство за „сините“, пред Арибо да израмни. Следеа погодоци на Кристофер Нкунку и Нони Мадуеке, а потоа Стефенс од Саутемптон доби црвен картон. Во вториот дел за Челси погодуваа уште Кол Палмер и Џејдон Санчо за комплетирање на „петардата“.
Евертон беше убедлив и слави со 4-0 против Вулверхемптон.