Манчестер Јунајтед веројатно ќе се обиде да му исполни по некоја желба на новиот тренер Рубен Аморим.
Бидејќи е тешко веројатно „црвените ѓаволи“ да се изборат со конкуренцијата на останатите европски гиганти за Виктор Ѓокереш, француските медиуми најавуваат интересно име. Јунајтед гледа кон париз, поточно кон напаѓачот на ПСЖ – Рандал Коло Муани.
Французинот не се прослави на „Паркот на принцовите“ по скапиот трансфер од Ајнтрахт Франкфурт, па доколку пристигне понуда можеби и би прифатил да замине во Англија. Според француските медиуми, тој веќе некое време е на радарот на „црвените ѓаволи“, а наводно тие веќе стапиле во контакт со ПСЖ.
Се споменува опција за позајмица до лето, па потоа налето да биде откупен договорот на Коло Муани.
На „Олд Трафорд“ не се задоволни од Џошуа Зиркзе кој летото дојде од Болоња. Поради тоа бараат решение за поквалитетен партнер во нападот на Расмус Хојлунд.