172
Вардар денеска го промовираше Јужнокореецот, Сеук Гун Ким како ново засилување на тимот за наредната сезона.
Се работи за 22-годишен играч кој настапува претежно на позицијата лево крило.
Сеук Гун Ким во Вардар пристигнува од кипарската екипа Акритас за која играше во минатата полусезона, настапи на 11 натпревари и постигна два гола.