Јувентус се договори со Копмајнерс, но не е ниту блиску до договор со Аталанта!

by riste
1 минути читање

Директорот на Аталанта, Лука Перкаси вели дека нема никакви промени во ситуацијата со Теун Копмејнерс, Јувентус не е ниту блиску до сумата која тие ја посакуваат.

Компајнерс имаше фантастична сезона со Аталанта која кулиминираше со освојувањето на Лига Европа. 26-годишниот фудбалер беше еден од клучните играчи.

Повеќе клубови се заинтересираа за него, но Јувентус има најголема желба да го добие. Тие веќе ги договорија личните услови со Копмајнерс.

Како и да е, нивната понуда од 45 милиони ера беше одбиена, се верува дека Аталанта сака најмалку 60 милиони евра за него.

„Тој уште е тука, исто како и изминатите денови. Ништо не се променило“, вели директорот на Аталанта, Перкаси.

Информациите од Италија велат дека и покрај тоа што Копмајнерс сака да се пресели во Јувентус, тој нема да прави проблеми во Аталанта, ќе го почитува нивниот став.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани