Јувентус потврди, заврши сезоната за летното засилување

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Јувентус ги потврди најавите од репрезентацијата на Колумбија, поврзани со бекот Хуан Кабал.

Летното засилување на „старата дама“ заработи повреда на тренинг и тоа тешка. По деталните прегледи е потврдено дека ги скинал вкрстените лигаменти во левото колено.

Фудбалерот Хуан Кабал мина дијагностички прегледи во „Ј Медикал“, тие ја потврдија повредата на вкрстените лигаменти на левото колено. Кабал ќе биде опериран во следните денови“, напишаа од клубот.

Кабал мора да оди „под нож“, а тоа значи дека сезоната за него е готова. Рехабилитацијата од таков зафат трае седум-осум месеци и 23-годишникот треба да биде среќен ако се врати навремено за новата сезона.

Ова е голем пех за младиот Кабал кој почна да добива повеќе шанси за настап во Јувентус откако Бремер го снајде иста повреда и се отвори празно место во дефанзивната линија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани