326
Поранешниот италијански шампион Јувентус пред неколку дена му даде отказ на Масимилијано Алегри, а како привремено решение го постави Паола Монтеро.
Монтеро ќе го предводи калчолигашот во последните два меча во Серија А, по што Јувентус ќе тргне во потрага по долгорочно решение.
Јувентус веќе испрати понуда до Тијаго Мота од Болоња, а талентираниот тренер наскоро треба да ја каже својата одлука.
„Старата дама“ во моментов е на четвртата позиција со 67 бодови.