Јувентус долго преговараше, Вест Хем му го краде планираното засилување!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Вест Хем влета во преговорите за потпис со Жан Клер Тодибо од Ница.

Долго време Јувентус е близу до остварување на оваа зделка. Сепак, „старата дама“ на италијански начин водеше бавни преговори, обидувајќи се да го намали секој милион кој може, а клубот долго време имаше договор со фудбалерот за личните услови. И иако вчера се појавија информации дека Тодибо е пред потпис со Јуве, подоцна дојде до пресврт.

Вест Хем тропна на вратата на Ница, веднаш најави исполнување на нивните барања од 40 милиони евра, плус процент при следна продажба. Иако „чеканите“ понудија позајмица со задолжителен откуп, Ница е подготвена следното лето да ги добие парите за Тодибо, но да ја добие целосната барана сума.

Директорот на Вест Хем, Тим Штеидтен допатува во Ница за преговорите, а веќе е претставен и договорот за Тодибо кој треба да донесе одлука. Доколку се прашуваат Англичаните, тие сакаат потпис и медицински тестови уште денес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани