Јамал си избра нов број во Барселона

by Стефан
1 минути читање

Супер талентот на Барселона, Ламин Јамал во новата сезона ќе има нов број на дресот.

Барселона преку видео на своите официјални канали потврди дека Јамал во новата сезона ќе го носи дресот со број 19. Во изминатата сезона Јамал настапуваше со бројот на 27, но се одлучил за промена откако „19-ката“ која ја носеше за Шпанија му донесе многу среќа.

Во шпанските медиуми претходно се пишуваше дека Барселона на Јамал му ја понудила „десетката“, но младиот фудбалер ја одбил. Јамал не сакал да си создава дополнителен притисок кој го носи „десетката“ во Барселона поради Лионел Меси.

Дресот со број 10 во овој момент во Барселона е во сопственост на Ансу Фати за кого не е сигурно дека ќе остане во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани