Ламин Јамал му врати на Јенс Леман кој ги потцени шпанските фудбалери велејќи дека се ниски и неискусни.
Утре четвртфиналните битки почнуваат со големото дерби меѓу Шпанија и Германија. Пред овој дуел поранешниот германски голман, Јенс Леман упати провокација на Шпанците која според зборовите на Јамал само дополнително ќе ги мотивира.
„Тоа е негово размислување, што да каже? Тој е Германец. Тоа е негов обид да не дестабилизира. Не слушаме никој, ќе покажеме што сме на теренот. Тоа ќе ни помогне повеќе нас отколку на Германците, но ќе покажеме утре. Ајде да видиме дали сме ниски и неискусни“, рече Јамал.
Слично размислува и Америк Лапорт кој не сака да прави голем настан од изјавата на Леман.
„Не сме зборувале за ова во соблекувалната. Тоа што тој го рече не влијае негативно на нас, дури мислам и дека ни одговара. Тоа значи дека доколку ги победиме, ќе го замолкнеме. Но, да не правиме голема работа од ова“, рече Лапорт.