Она кога ќе ти се исполни сонот: Доби директен поздрав од Јамал, па падна во „транс“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ламин Јамал стана една од најголемите ѕвезди во Шпанија, иако има само 17 години.

Асот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија е многу познат и идол на многу дечиња во оваа земја, но и ширум светот. Една од неговите фанови имаше неверојатна среќа младиот фудбалер да ѝ испрати директна порака.

Таткото на девојчето е возач на Убер и во Барселона го возел Јамал. Тој се сними со фудбалерот, а му побара да испрати порака до неговата ќерка.

Реакцијата на младото девојче е неверојатна, таа буквално е во транс поради тоа што го гледа и не може да си поверува на очите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани