Јакин: Знаев дека ќе ја прегазиме Италија!

by riste
1 минути читање

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин вели дека и пред мечот знаел дека Шварјарците ќе доминираат во дуелот против Италија.

Швајцарија со 2-0 ја победи Италија и се пласираше во четвртфиналето од Европското првенство. Резултатот можеше да биде и поубедлив, но Донарума имаше неколку супер интервенции.

„Уживавме на теренот, знаев дека ќе ја прегазиме Италија. На овој турнир има одлични репрезентации, а ние ја завршивме групната фаза без пораз. Против Германија покажавме дека може да се натпреваруваме со најсилните. Со победата против Италија испративме важна порака до ривалите“, кажа Јакин.

Швајцарија во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Англија и Словачка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани