Јакин: Доволно сме квалитетни за да ја исфрлиме Англија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Швајцарија е едно од најсвежите изненадувања на Европското првенство, а откако ја исфрлија Италија во осминафиналето сега одат на мегдан против фаворизираната Англија.

Во пресрет на натпреварот оптимистична изјава даде селекторот Мурат Јакин. Тој смета дека Швајцарцие можат да ја победат Англија во сабота.

„Сметам дека сме доволно квалитетни за да ја победиме Англија. Ако ја споредуваме вредноста на играчите, тие се далеку пред нас, ама тоа не мора да значи ништо. Не гледам причина зошто да не победиме. Навивачите ни даваат огромна поддршка и мора да вратиме со пожртвувана игра.

Ги знаеме добрите страни, но и слабосите на Англија. Очекувам отворен и интересен натпревар во кој на крајот би сакал да бидеме победници. Ако одиграме како против Италијанците, победата е близу и достижна“, изјави Јакин.

Четвртфиналето меѓу Швајцарија и Англија се игра на 6 јули во сабота со старт во 18:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани