Актуелниот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити во септември ќе се појави на суд каде што ќе биде сослушан за дури 115 обвиненија за кршење на финансискиот фер-плеј.
Се најавуваше дека процесот ќе започне во ноември, но од независната комисија проценија дека има услови се да стартува и порано. Според очекувањата на „Тајмс“ процесот ќе трае околу десет недели и пресудата може да ја очекуваме некаде на почетокот на 2025 година.
Додека јавноста го очекува исходот на пресудата, Манчестер Сити се подготвува ангажирајќи ги најдобрите адвокати со цел да го извлечат клубот од некаква посериозна казна. Најцрното сценарио за англискиот гигант секако би било исфрлање во втората англиска лига, нешто до кое веруваат дека нема да дојде.