122
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси има проблем, најголемите ѕвезди му откажуваат.
Тоа најпрво го направи Душан Влаховиќ, а сега доаѓа информација дека повикот го одбиле и Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Нивниот изговор е дека се повредени, но вчера и двајцата одиграа по 90 минути за Ал Хилал.
Тадиќ по недоразбирањата со Пикси и официјално се повлече од српската репрезентација, а сега повикот на селекторот од разни причини го одбиваат Влаховиќ, Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ.
Не се исклучува можноста до собирот на репрезентација уште некој да откаже.